Шест жени на сцена. Новата одлука буди револт кај секоја од нив: сопругата на пратеник го остава на денот на свадбата, сексуална работничка протестира против „нејзините клиенти кои гласале за законот“, друга трудница се бунтува за својата судбина. Сè започнува и завршува со моќта на мажите да донесуваат одлуки за жените, што некако секогаш се поврзува со женската репродуктивна функција. Како и во „Приказната на слугинката“ од Маргарет Атвуд, така и во драмата на Ќендрим Ријани сè започнува од одлука донесена во име на жените, без да се прашува нивното мислење.
Шест жени на сцената прикажуваат реалност целосно лишена од секаков облик на дискриминација, предрасуди и родови улоги. Тие решаваат да си ја земат судбината во свои раце и сами да одлучуваат, да не дозволат таков закон да им застане на патот. Иронично, секоја одлука што сакале да ја e поврзана со мажи. Текстот со мотиви од Аристофан и елаборацијата на Билјана Крајчевска ја истакнува денешната реалност на жената. Сите одлуки кои жените сакаат да ги донесат во Собрание и кои силно ги кажуваат една по една на сцената, се одлуки кои многу жени би сакале да имаат храброст да ги кажат на глас, исто како актерките.
Колку што се апсурдни одлуките на мажите за жените, толку се и одлуките на жените за мажите. Тоа го покажува една од одлуките на жените на сцената: одредување на должината на косата на мажите, или пак правото на мастурбирање. Многу често, борбата за права на жените некои ја сметаат за екстремна, а комедијата „Жени во Собрание“ покажува колку навистина се бесмислени, но и длабоки работите кои оддалеку делуваат екстремно.
Во одреден момент од претставата има жена на која ѝ се допаѓа новиот закон и е подготвена да ги жртвува сите други жени затоа што таа самата е „удобна“. Некаде кон крајот на театарската претстава на жениве им текнува дека можеби овој закон па и не е толку лош. Тоа е затоа што во нашето општество жените растат учејќи како да се покоруваат, да ги прифаќаат работите здраво за готово и да не се обидуваат да ги променат.
На сцената има само еден маж: тој е гитаристот кој нема друг избор освен да се согласи да ги следи наредбите на шесте жени на сцената. Избраната музика е совршено синхронизирана со секој настан во рамките на претставата. Не мислам дека изборот на актерки беше случаен. Многу често на сцената актерките се пресоблекуваат, за да го дестигматизираат женското тело во сите негови форми. Песната на Џулија Стоун, „Winter on the Weekend“, испеана од една од актерките ги расплака луѓето додека ја гледаа комедијата.
Комедијата понекогаш е најдобриот начин да ги натерате луѓето да ги разберат нивните несреќи. И оваа комедија го прави токму тоа. Нормално, Ријани кој знае да ги разниша темелите на уверувањата на јавноста, не ја остави нечепната сексуалната ориентација, каде што во случај на љубов меѓу две девојки, донесената одлука би направила проблем. Ниту пак, беше занемарено стигматизирањето на менструалниот циклус.
Шесте актерки ја собираат облеката расфрлана на сцената, на крајот завршувајќи со куп облека во рацете, слика која сме навикнати постојано да ја гледаме. Жените без разлика на професијата, кариерата, успехот…секогаш завршуваат со куп неиспрани алишта во рацете, свои, на своите деца, на своето семејство.
„Жени во Собрание“ е претстава која разговара за многу општествени родови прашања, со што публиката се прашува што следува по секоја сцена. Иако луѓето често одбиваат да го прифатат она што не го разбираат, оваа претстава им ги донесе вистините пред нос додека немаа каде да побегнат од реалноста.
Пишува: Рита Бехадини