„Вкупно гласаа 115 пратеници, сите 115 гласаа ЗА, нема против и возржани. Констатирам дека Собранието го донесе законот за финансиска подршка за работодавачите погодени од здравствено економската криза предизвика од ковид 19 за исплата на плати за месеците февруари и март 2021“, рече собранискиот спикер Талат Џафери.
Пратениците едногласно за помалку од еден час ги изгласаа трите закони од петиот сет економски мерки. По два месеци доценење, работодавачите и самостојните вршители на дејност ќе ја добијат помошта за исплата на плати за месеците феврури и март. На 36 – та седница на која беа законите од петиот сет мерки присуствуваа пратениците од сите политички партии.
– Advertisement –
Пред да започне оваа седница, Собранието го заврши и продолжението на 32 – седница на која по 21 точка гласаа само 62 – ца пратеници од владеачкото мнозинство. Кворум за работа се обезбеди со двајца пратеници од владеачкото мнозинство кои се позитивни на Ковид-19, а присуствуваа на седниците. Колицијата Алијаса за албанците и Алтернатива реагираше дека изгласувањето на законите од 32 – та седница, кои беа услов да се почне со 36 – тата, можеле да поминат и без да дојдат заразените пратеници.
„Претседателот на Собранието беше и јавно известен дека пратениците на опозицијата од редовите на Албанците ќе присуствува на 32 – та седница да за обезбеди кворум за да заврши 32 – та седница и што побрзо да почне 36 – та седница каде наоѓаа законите од петиот сет мерки. Длабоко сме разочарани дека во опасност се доведоа и пратениците што се заразени со Ковид-19, но и фактот што во Собранието се случи непотребен театар“, рече Елми Азири- пратеник на Алтернатива.
По објавување на законите од петиот сет економски мерки во Службен весник, работодавачите ќе можат да аплицираат за мерките до 30 – ти во месецов. Поради доцењето на овие мерки повеќе од 16 илјади граѓани се уште ја немаат земено февруарската плата. Помошта е предвидено да ја искористат 60 илјади работодавачи за да исплатат плани на околу 120 илјади вработени.
Андреа Чобанова