Пратениците во Собранието за осум месеци работа започнале да расправаат на 39 седници, но успеле да завршат само 19 на кои се гласале закони. Иако изминатиот период Собранието беше целосно блокирано без одржување на пленарни седници и комисии, пратенциите редовно ги земаат месечните плати. Според просечната плата на еден пратеник која изнесува 1.100 евра, за осум месеци се исплатени еден милион евра за пратенички плати. Заклучно со јануари, на 75 пратеници им се исплатени патни трошоци во висина од 120 илјади евра.
– Advertisement –