Во рамките на апелот на Црвениот крст за поддршка на настраданите од катастрофалниот пожар во Кочани од 16 март, досега се собрани 156.542.967 денари или околу 2,5 милиони евра.
Од Црвениот крст велат дека заклучно со денес, во неколку наврати извршиле исплата на погодените семејства од пожарот во Кочани.
„Со овие средства досега е обезбедена финансиска поддршка на семејствата на починатите лица во вкупен износ од 52.038.593 денари. За настраданите лица од пожарот кои се лекуваа во странство вкупно се исплатени 44.163.258 денари, а за настраданите кои се лекуваа во земјата вкупно се исплатени 11.247.250 денари“, велат од Црвениот крст, сумирајќи дека вкупниот досегашен трансфер на средства изнесува 107.449.101 денари.
Се додава дека преостанатите средства во износ од 46.593.866,00 денари на сметката на Црвениот крст, по направените проценки кои се во тек, за тежината на повредите и прогнозите за времетрање на лекувањето и потребите на повредените, направени од стручни и компетентни институции во државата, а со цел објективизација и постигнување на целите и задоволување на реалните потреби на настраданите лица, Црвениот крст навремено ќе пристапи кон распредлба на средствата.
Црвениот крст уште еднаш се заблагодарува на сите досегашни донатори што придонесоа и се уште придонесуваат за мобилизирање на хуманитарна поддршка за настраданите и нивните семејства.
Текстот Собрани околу 2,5 милиони евра за настраданите во Кочани, од Црвениот крст велат во неколку наврати вршеле исплата е превземен од МАКФАКС.