Вкупно 74 крвни единици беа собрани при денешната крводарителска акција во велешката касарна „Алексо Демниевски – Бауман“. Од нив, 39 лица за првпат даруваа крв, информираа од велешкиот Црвен крст.

Акцијата беше реализирана во соработка со Институтот за трансфузиона медицина од Скопје и Командата за обука и доктрини, сместена во велешката Касарна.

Од велешкиот Црвен крст најавија дека поради големиот интерес на припадниците на Армијата, акцијата за крводарување во велешката Касарна ќе продолжи и следниот вторник.