СВР Скопје – Одделението за криминалистички работи Кисела Вода поднесе кривична пријава против Ж.И.(37) од Скопје.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.
Имено, по преземени мерки и активности дојдено е до сознание дека на 16.10.2025 на ул.„Народни херои“ во Скопје со запаливо средство предизвикал пожар во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Д.Н.(38) од Скопје и предизвикал материјална штета од 200.000 денари.
На 20.10.2025 тој е пронајден и лишен од слобода и во службен разговор го признал делото, по што по насоки од јавен обвинител поднесена е пријавата по брза постапка, а од основен кривичен суд одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.
Текстот Со запаливо средство опожарил патничко возило: кривична пријава против пироман од Скопје е превземен од МАКФАКС.