Вчера во 19:40 часот полициски службеници од СВР Битола во казино на улицата „Филип Втори Македонски“ во Битола го лишија од слобода 53-годишниот С.Р. од Битола, постапувајќи по добиена пријава околу 18:30 часот дека во казино лоцирано на улицата „Маршал Тито” во Битола, едно лице со закана со секира од вработената одзело околу 8600 денари, по што се дало во бегство.
Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности и сторителот е лоциран и лишен од слобода, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Со закана со секира ограбил казино во Битола: уапсен 53-годишен маж е превземен од МАКФАКС.






















