Охридската полиција поднесе кривична пријава против 19-годишниот Л.П. од Струга за изнуда.
Како што информира МВР, осомничениот во периодот од 4 до 12 август 2025 година преку мобилна апликација барал 20.000 евра од едно лице од Охрид, заканувајќи му се. При преземање на мерки кај него биле пронајдени обележани пари, по што бил приведен.
Одредена му е мерка притвор и е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Охрид.
Текстот Со закана му барал 20.000 евра – тинејџер од Струга притворен поради изнуда е превземен од МАКФАКС.