Пациентите со ретки болести за првпат беа вистински слушнати во мандатот на д-р Венко Филипче, кој како тогашен министер за здравство се заложи да го подобри нивниот квалитет на живот.
Во негово време се направија позитивни промени во јавното здравство во сегментот на ретките болести, а особено значајно беше вклучувањето на здруженијата, со чија помош се креираа значајни здравствени политики. Уште на самиот почеток од извршувањето на неговата функција, тој како министер за здравство активно ги вклучи пациентските здруженија и невладините организации на состаноците кадешто се дискутираше за потребите на пациентите со ретки болести.
Сметајќи дека решенијата не треба да бидат наметнати, туку мора да произлегуваат од самите пациенти, заеднички Министерството за здравство и здруженијата успеаа двојно да го дуплираат буџетот за ретки болести. За споредба, буџетот наменет за ретки болести во 2017 година изнесувал 213 милиони денари, додека пак во 2021 година до неговото министерување овој буџет значително беше зголемен – двојно, на 520 милиони денари.
Со зголемувањето на финансискиот буџет од година во година, се набавија 9 нови лека, а голем број на пациенти за првпат добија лек и нова шанса за живот. Д-р Венко Филипче е и првиот министер за здравство кој присуствувал на настан по повод одбележување на Денот на лицата со ретки болести. Честопати во јавноста, тој беше присутен и активно учествуваше и во активности како трки и други јавни настани за подигнување на свесноста за одредени ретки заболувања.