„СДСМ како одговорна, државотворна партија продолжува со мерки и политики кои обезбедуваат сериозни можности за младите, за нивното образование и кариерен развој.
Владата предводена од СДСМ и Министерството за образование и наука, од оваа есен започнуваат со имплементирање на образовен процес „Учи паметно, работи стручно” низ кој учениците добиваат пракса и потенцијално вработување по завршување на образованието, додека пак компаниите добиваат стручно оспособен кадар кој е подготвен да одговори на дадените работни обврски.
Конкурсот за упис во средните училиште 2021/22 година преку заедничка соработка на МОН, ЛС и Компаниите им овозможува на учениците брз и успешен настап на пазарот на трудот, им дава добра основа за натамошна високообразовна надградба, гарантира добра заработка, конкурентност и финансиско осамостојување на младите, обезбедува големи економски ефекти и ја намалува младинската невработеност а пак компаниите добиваат добро подготвени и веднаш вработливи кадри.
Стручните паралелки преку „Учи паметно, работи стручно”, се зголемуваат од 61,66% во учебната 2020-2021 година на 65,22% за учебната 2021-2022 година, тоа во бројки значи 19.602 ученички места во 604 стручни паралелки и 1190 ученички места во 35 уметнички, спортско и математичко информатички паралелки.
Владата и МОН обезбедуваат 1500 ученици во дуалните паралелки да добијат месечен износ од 3.500 денари за 9 месеци во годината, 500 ученици во стручното образование од тригодишно времетраење да добијат по 3.500 денари месечено и 200 ученици од прва година кои реализираат наставни планови и програми од електротехничка, градежно-геодетска, угостителско-туристичка, земјоделско-ветеринарна, машинска или текстилно-кожарска струка ќе добиваат месечен износ од 2200 денари.
„Учи паметно, работи стручно” дополнително ги приближува приватните компании и средните стручни училишта кон соработка но и кон дефинирање на нови стручни профили за потребите на стопанството.
Наша заложба како Социјалдемократска младина е да го подобриме младинскиот стандард, да обебзедиме повеќе можности за младите да останат дома, во својата татковина и тука да градат своја иднина.
Продолжуваме да инвестираме во младите, затоа што тие се иднината на нашето општество, тие се иднината на нашата држава“, изјави на денешната прес-конференција Марко Михаилоски, претседател на СДММ.