„Од што се плаши Филипче па молчи? Венко Филипче и СДС неколку дена молчат и не се оградуваат од наркодилерот Андон Стојков, кој беше фатен со дрога. Филипче да соопшти на јавноста зошто молчи и не се оградува од партискиот функционер, Андон Стојков кој на дело е фатен со дрога“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Со што толку ги задолжил Андон Стојков СДС и Филипче што не се оградуваат од него?
Дали Филипче и СДС го поддржуваат Стојков и штитат криминалци и какви лични интереси имаат да го прават тоа?
СДС е партија која ги штити криминалците и соработува со нив, Стојков е во присуство на Заев и Филипче и по приватни забави и настани.
СДС е партија која ги штити криминалците и соработува со нив, СДС не се огради ниту од Стојков, ниту од Јон Фрчковски, ниту од Груби и Филип Андов Сокол.
Јавноста ја виде вистината за СДС на дело, СДС е партија која обезбеди луксузни животи за своите елитистички кругови, додека народот тонеше во очај. СДС е синоним за неспособност, предавства и криминал“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Текстот „Со што толку ги задолжил наркодилерот Андон Стојков СДС и Филипче што не се оградуваат од него“, прашува ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.