„Венко Филипче и СДС неколку молчат и не се оградуваат од криминалецот Филип Андов Сокол кој ги расшетуваше затворениците со државни ресурси. Филипче да соопшти на јавноста зошто молчи и не го разрешува членот на ЦО и советник на Заев криминалецот Сокол“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Со што толку ги задолжил криминалецот Сокол, СДС и Филипче што не се оградуваат од него?
Дали Филипче и СДС го поддржуваат Сокол и штитат криминалци?
Од што се плаши Филипче па молчи?
Народот гледа какви криминалци од СДС ја воделе државата, истите тие заради лукративни причини го осиромашиле народот и ја опустошиле државната каса.
Нема повеќе недопирливи функционери блиски до структурите на СДС и ДУИ.
Правда и одговорност мора да има, борбата против криминалот и корупцијата продолжува“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Текстот „Со што толку ги задолжил криминалецот Сокол СДС и Филипче што не се оградуваат од него“, прашува ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.