Младиот пејач Исак Шабановиќ преку ноќ стана ѕвезда откако го покажа својот неверојатен вокал и харизма во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“. А откако стана популарен не само во регионот, туку и во дијаспората, одлучи дека е вистинско време да почне здраво да се храни и да ослабне.

Момчето од црногорскиот град Бијело Поље ги воодушеви судиите и публиката уште со првиот настап. Но по подолго отсуство поради прележување на коронавирусот, Исак се врати во „Ѕвездите на Гранд“ и тоа за 20 килограми послаб! Се разбира, сите се прашуваа како успеа.

Одлучил да изгледа подобро на сцената

Шабановиќ долго време го мачел вишокот килограми, кои пак му предизвикувале болки во рбетот, колениците и колковите, бргу се заморувал и чувствувал недостаток на енергија, но немал доволно волја да „пресече“, па често ја изговарал реченицата „од понеделник ќе почнам со диета“. Претходно држел различни диети, но секогаш килограмите се враќале. Признава дека сите му велеле дека мора да ослабне и дека така подобро ќе пее, а и подобро ќе изгледа на сцената.

Во разговор со други познати естрадни ѕвезди, Исак дознал за липосукциската исхрана и дека на тој начин, многумина од нив, ја одржуваат својата топ форма. Си помислил, зошто и тој да не проба. Стапил во контакт со „Интернешнал хелт“ и со помош на стручниот тим го започнал протоколот за слабеење. И оттука, почнува неговата успешна приказна.

Со килограмите исчезнале и болките во рбетот

Веќе во првите 14 дена ослабнал речиси 10 килограми, а во првиот месец дури 15 килограми. За време на протоколот за слабеење, Исак работел, патувал, подготвувал настапи, а при тоа не чувствувал пад на енергијата, нервоза, ниту глад. Вели дека во Сараево јадел дури и ќебапчиња, кои се дозволени во режимот на липосукциска исхрана, но секако без лепиња.

Шабановиќ истакнува дека новиот начин на исхрана воопшто не му бил тежок и дека немал криза за благо, за тесто и за други калорични намирници, кои, до неодамна, практикувал да ги консумира. Со килограмите исчезнале и болките во рбетот кои претходно ги имал. А кога видел како стомакот му се „топи“, како му се променил обемот, одлучил да оди до крај. И така, за месец и пол „симнал“ цели 20 килограми! Вели дека суштината на липосукциската исхрана е во внесување здрави масти и протеини и намалување на внесот на јагленохидрати. Меѓутоа, тоа не се прави само со храна, туку во исхраната се вклучуваат и одредени суплементи и додатоци во вид на протеински напивки.

Односно, не станува збор за диета во класична смисла, туку за клинички испитан диетотераписки третман за брзо слабеење, кој делува по принципот да се натера телото да се храни со сопствените масни резерви. Како помошни средства се користат билни влакна и аминокиселини, кои обезбедуваат нутритивен баланс, а целиот протокол се темели на медитеранска исхрана.

Инаку, липосукциската исхрана е многу популарна во регионот, а ја практикуваат бројни ѕвезди. Со помош на протоколот за слабеење, килограмите ги намалија и Неда Украден, Сузана Манчиќ, Тијана Дапчевиќ, Жељко Самарџиќ, Халид Бешлиќ, Дејан Матиќ и многу други, па дури и Колинда Грабар Китаровиќ.

Закажете бесплатен совет и консултација во „Липо диет“ центарот на „Интернешнал хелт“ Македонија (на улица „Димитрие Чуповски“ број 22, спроти поранешен „Мекдоналдс“) или јавете се на телефоните 02 3151714, 070 535033. Протоколот за слабеење може да го нарачате и на домашна адреса.


Комерцијален ПР текст