Синоќа неколку минути по 19 часот, во СВР Охрид пријавено било оштетување на стакло на канцеларијата на здружението Цар Борис Трети лоцирана на Бул.М.Просветители во ТЦ Амам во Охрид..

Полициски екипи при СВР Охрид излегоа на местото на настанот при што, утврдено е дека на стаклото од надворешната врата и стаклото од излогот на канцеларијата има две оштетувања направени од оружје.-информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.

Ова е трет пат да биде оштетен или демолиран клубот „Цар Борис Трети“