Од следната година, во сите нови автомобили во ЕУ ќе мора да има црна кутија, а таа обврска од 2024 година ќе биде на сила за сите возила регистрирани за првпат.

Црна кутија е уред што треба да открие до најмалите детали се што се случило во секундите пред сообраќајната несреќа. Таа бележи дури 41 податок што помага при експертиза за причините за несреќата.

Црната кутија во автомобилската индустрија не е нова, некои нови возила веќе ја имаат. Обично се наоѓа помеѓу возачкото и совозачкото седиште во модулот за воздушни перничиња.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.