Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер помина понатаму, откако во 3-то коло денес го победи Британецот Камерон Нори, по четири сета.

Мечот траеше два часа и 36 минути, а Нори успеа да го искористи падот во играта на Роџер во третиот сет и да се врати во мечот, но Роџер сепак го реши прашањето за победникот во четвртиот сет.

Швајцарецот славеше со 6:4, 6:4, 5:7, 6:4 и постави рекорд бидејќи по 69. пат ќе го игра четвртото коло на Грен слемот.

“Убава статистика. Играв многу тенис, уживам во секоја минута, се надевам дека има повеќе сила во мене. Задоволство е да продолжам да играм. Ова е посебно. Имам скоро 40 години. Во оваа фаза, сè е бонус“, рече Федерер.

Негов ривал во осминафиналето ќе биде Италијанецот Лоренцо Сонего.

Подоцна отиде Александар Зверев, кој не дозволи никакво изненадување на Тејлор Фриц, иако првиот сет го доби со 7:6. Во преостанатите три сета Германецот победи со 6:4, 6:3, 7:6.

Зверев го чека дуел со Огер-Алиасиме во осминафиналето, на кое Ник Киргиос денеска му го предаде мечот поради повреда.