Вчера на терасата на Градскиот трговски центар-Скопје се одржа хепенинг на членовите на уметничките клубови дел од проектот „Творилница“, на кој децата и младинците покажаа што научиле во текот на самиот проект.
Раководителката на проектот „Творилница“, г-ѓа Илијана Атанасова, одржа краток говор во кој што се заблагодари за поддршката на бугарската Амбасада во Скопје и за големото внимание и посветеност на наставниците од неколку градови во РС Македонија и нивните ученици, кои работеа неуморно во текот на активностите во работилниците.
„Нашиот основен стремеж е да инвестираме во творечки иницијативи и подготовка во сите области на науката, технологиите и уметноста, поврзани со интересите и талентите на нашите деца“, изјави г-ѓа Атанасова.
Проектот „Творилница“ е финансиран од Бугарската помош за обнова и развој, доделена од бугарското Министерство за надворешни работи.
Проектот се реализира од невладината организација „Здравеј“, Скопје во периодот мај-септември 2021 година.
Раководителката на проектот г-ѓа Илијана Атанасова изрази посебна благодарност до менторите Ксенја Маказлиева Трајчева, доц.д-р Ана Витанова Рингачева, доц. д-р Милена Ристова Михајловска, д-р Соња Енџекова Сопотска, Татјана Алексиќ, Анета Велковска од писателскиот клуб, Стефана Марковиќ ментор на музичкиот клуб, Александра Ристовска и Бојан Ристовски ментори на аре-клубот и Ангела Стојановска ментор на театарскиот клуб.
Гости на настанот беа амбасадорот Ангел Ангелов заедно со неговата сопруга Билјана и ќерката Амели, г-ѓа Антонија Велева директор на Бугарскиот културен центар и г-н Петар Петров прв секретар на Амбасадата на Р. Бугарија во Скопје.
Децата од музичкиот клуб се претставија пред публиката со мини концерт со песни на Abba, а театарскиот клуб се претстави со виедо-театар. И двата настапи беа репетирани on-line.
На терасата на ГТЦ беа изложени дела на учениците од on-line работилниците за цртање и ликовна уметност, а учесниците во писателскиот читателски клуб претставија нивни авторски песни, есеи и интерактивни книги.
Сите дела на учениците ќе бидат собрани во брошура, која ќе биде достапна на интернет страницата на академијата „Здравеј“.
Погледнете слики од настанот во галеријата што следи: