За само една година близу 100 вработени од „Kнауф Радика АД Дебар“ се обратиле до правната служба на ССМ. Тие најмногу се пожалиле поради неисплатен додаток за работен стаж , неосновано намалена плата и променети договори за вработување, велат од Сојузот на Синдикатите на Македонија. Заради ова преставници на ССМ и синдикатот за градежништво, индустрија и проектирање обавиле разговор со раководството на компанијата при што побарале почитување на законите и потпишаниот колективен договор на ниво на работодавач.
„Откако работодавачот неосновано не ја прифати законската обврска, Сојузот на Синдикатите на Македонија со помош на правната служба изготви пријави до Државниот Инспекторат за Труд, а беа покренати повеќе постапки пред суд“, велат од ССМ1.
Ова не е случај само со вработените во „ Кнауф Радика“ туку во последно време посочуваат од ССМ , членството им се обраќа и од здравството, образованието, воопшто од јавниот сектор.
Дека во последно време има сериозни прекршувања на законите од страна на сопственици на компании во однос на правото на работниците за синдикално организирање, како и зголемен притисок од страна на директорите врз работниците преку институции, насочен кон гасење на синдикалните организации тврдат и од Конфедерацијата на Синдикалните Организации во Мaкедонија (КСОМ). Ваков притисок има во повеќе градови, а некаде дури и ги тераат преку нотарска изјава да потврдат дека не сакале да формираат синдикат.
Притисок за да не се формираат синдикални организации, како што посочуваат од КСОМ, до сега притисоци вршеле повеќе од 40 работодавачи, најчесто од градежниот сектор и оние кои управуваат со минералните суровини.
„Проблемот не го прават сопствениците на мултинационалните компании кои знаат што е синдикално организирање кај нив, туку раководните лица кои се поставени од нашата држава кои им велат на газдите дека тие го знаат менталитетот на работниците и како треба да се постапува со нив. Тоа покрај потценување на работниците е и потценување на државата. Затоа треба да го кренеме гласот и конечно работникот да се чувствува дека е почитуван во државата и да не се сели“ – потенцираат од КСОМ1
Правото на синдикално организирање, здружување и функционирање е уставно загарантирано право во нашата држава, односно нашата држава како аспирант за европската унија е должна да ги почитува меѓународните конвенции кои го гарантираат ова право. Секој обид за маргинализирање на синдикатите ги минимизира можностите за европски човекови права.
За земјите аспиранти за вклучување во големото европско семејство, синдикатите имаат голема улога и придонес, од друга страна, синдикатите треба да бидат подготвени за било каков предизвик – реформи, модернизација, кои би биле, придобивките за работниците од земјите аспиранти за членство во ЕУ. Покрај тоа, се наметна потребата од вклученост на синдикатите во институциите на државата и следење на сите фази на преговори за влез во ЕУ. Натамошен развој на социјалниот дијалог во земјата, како и на ниво на ЕУ.
Од почетокот на процесот на интегрирањето на РСМ во ЕУ, синдикатите го прифатија како активност од приоритетно значење за државата. Се вклучија во сите реформи од областа на трудовите односи со цел процесот да се одвива забрзано и квалитетно, согласно познатите копенхашки критериуми на европскиот совет.
______________________________________
Од особено значење за синдикатите има усогласувањето на македонското со законодавството на ЕУ и развојот и практикувањето на социјалниот дијалог и постигнувањето консензус за економско-социјалните прашања и интереси за работниците и граѓаните на РСМ. Во својот последен извештај ЕК нотира дека е потребно зајакнување на бипартитниот социјален дијалог меѓу работодавачите и работниците, што претставува задача за земјава.
Феим Каја
Оваа публикација е дел од проектот Учество на медиумите од Единицата за локалната самоуправа- Дебар во преговорите за членство на РС Македонија во ЕУ кој е финансиран од програмата за грантови на проектот „Заедно за поквалитетно локално новинарство” финансиран од ЕУ, а спроведуван од Центар за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ. За содржината на оваа публикација целосно е одговорен Центарот за одржлив развој на заедницата Дебар и не нужно ги одразува ставовите на Европската Унија“.