Косовската полиција ги уапси трите медицински сестри кои во Дом за стари лица тепаа старица. Сето тоа го снимиле, а снимката заврши на социјалните мрежи. Имаше бурни реакции, полицијата реагираше и ги уапси. Децата ја земаа старицата од домот, а сопственикот, но и таткото на медицинската сестра која ја тепаше бабата, се извинуваа.