Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски го достави предлогот за нова Влада до Собранието. Се очекува новата Влада да биде изгласана до недела на полноќ, до кога е и рокот за завршување на расправата.
Иако во изминатиот период Мицкоски, но и новата претседателка Сиљановска Давкова порачуваа дека нема да ја користат придавката „Северна“, сепак во папката со предлог имињата за министри, освен „Лавот“ знакот на ВМРО-ДПМНЕ, ја има и придавката „Северна“, односно предлогот е поднесен со целото ново уставно име Република Северна Македонија
-Граѓаните очекуваат брзи резултати. Јасно е дека оваа Влада како и очекувањата на граѓаните се да испорачува она кое што го ветуваше. Не ветувавме многу за време на кампањата, ветувавме дека Македонија ќе биде повторно на граѓаните односно државата која што изминативе седум години беше заробена од страна на една мала група властодршци кои што доаѓаа од досега владејачките партии конечно е слободна и ќе биде вратена назад на граѓаните, изјави Мицкоски откако го поднесе предлогот за нова влада.
Ова се предложените министри од ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ.
Министер за внатрешни работи, Панче Тошковски;
Министер за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, согласно новиот закон за организација на државната управа кој што помина со мнозинство од 88 пратеника пред неколку дена;
Министер за транспорт, Александар Николоски и заменик претседател на Владата;
Министер за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска;
Министер за дигитална трансформација, Стефан Андоновски;
Министер за одбрана, Владо Мисајловски;
Министер за спорт, Борко Ристовски;
Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски;
Министер за култура и туризам, Зоран Љутков;
Министер за образование и наука, Весна Јаневска;
Министер за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска;
Министер за локална самоуправа, Златко Перински;
Заменик претседател на Владата и задолжен за политичкиот систем, Љупчо Димовски;
Министер за односи со заедниците и заменик претседател на Владата, Иван Стоиљковиќ;
Министер без ресор, Шабан Салиу, задолжен за интеграции и имплементација на декада на Ромите;
Министер за животна средина и просторно планирање и заменик претседател на Владата, Изет Меџити;
Министер за здравство, Арбен Таравари;
Министер за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани;
Министер за европски прашања, тоа е сега новото министерство практично не е веќе Секратаријат туку министерство, Орхан Муртезани;
Министер за економија и труд, Бесар Дурмиши;
Министер без ресор и заменик претседател на владата задолжен за добро владеење, Арбен Фетаи;
Министер за јавна администрација Горан Минчев;
И Министер за правда Игор Филков;
Новата влада ќе има 24 члена, претседател на Влада и 23 члена.