52-годишен скопјанец заработи кривична пријава откако полицијата го затекна како нелегално превезува поголема количина теписи и стази во близина на селото Подмољје, општина Дебрца.

Контролата била извршена на 15 декември, кога полициски службеници го запреле товарното возило „форд транзит“ со скопски таблички. При проверката било утврдено дека станува збор за стока поврзана со криумчарење и царинска измама, по што возачот бил лишен од слобода.

Запленетите теписи и стази се предадени на Државниот пазарен инспекторат во Охрид, а против скопјанецот е поднесена кривична пријава.

Текстот Со комбе полно со теписи фатен кај Дебрца – MВР поднесе кривична за скопјанец е превземен од МАКФАКС.