СВР Куманово поднесе кривична пријава против лице од Врапчиште за приложување на фалсификувана возачка на граничниот премин Табановце.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Х.М.(47) од с.Врапчиште, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. На 09.03.2025 на Граничниот премин Табановце, за влез во државата, пријавениот приложил фалсификувана возачка дозвола, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи