Компанијата „Фајзер“ ќе ја проучува ефикасноста на својата вакцина против Ковид-19, врз основа на вакцинација на сите жители на бразилскиот град Толедо на возраст над 12 години, објави денеска компанијата.

Студијата ќе опфати град со 143.000 жители во западната држава Парана, а акцијата се спроведува во соработка со Бразилската национална програма за вакцинација, локалните здравствени власти, една болница и федерален универзитет.

„Фајзер“ објави дека целта на студијата е да се проучи однесувањето на Ковид-19 во реални животни услови откако населението е вакцинирано.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.