Со куса средба и букет свежо цвеќе заврши примопредавањето на должноста градоначалник на Град Скопје меѓу досегашната градоначалничка Данела Арсовска и новиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

Ѓорѓиевски и подари букет со свежо цвеќе на Арсовска.

Претходно, тој од Градската изборна комисија на Скопје го доби уверението дека е избран за прв човек на македонската метропола. Данела Арсовска денеска го заврши својот четиригодишен мандат за кој беше избрана во 2021 година.

Текстот Со букет цвеќе Ѓорѓиевски ја испрати Арсовска и ја презема градоначалничката функција е превземен од МАКФАКС.