Со 70 гласа „за“ Собранието на Република Македонија го донесе Дополнетиот Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка, со што се создаваат услови за увоз на вакцини за Ковид-19 во земјата. Законот беше поддржан и од опозоциските пратеници, кои и покрај тоа изнесоа низа критики за доцнењето на вакцините во земјата.
Во Дополнетиот Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските средства, по скратена постапка се прецизира дека за ставање на вакцина за SАRS COV 2 во промет, покрај претходно предвидените правни лица, барањето може да го поднесе и производител на лекови со регистрирано седиште надвор од територијата на Република Северна Македонија, правен застапник на странски производител со регистрирано седиште надвор од територијата на Република Северна Македонија, подружница на странски производител со регистрирано седиште надвор од земјава и трговско претставништво на странски производител со регистрирано седиште надвор од територијата на Република Македонија.