Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, пидружуван од пратеникот Коле Чаракчиев и директорот на ЈП за одржување на магистрални и регионални патишта, Костадин Ацевски, денеска изврши увид во рехабилитација на регионалниот пат од Радовиш до Воиславци, при што истакна дека со ова ја подигнуваат безбедноста во сообраќајот, а од друга страна се овозможува сервисен пат за земјоделската механизација.
– Градежната механизација е насекаде низ државата. И покрај надворешната криза која влијае и кај нас врз градежништвото, со сите сили се обидуваме да ги реализирме капиталните инвестиции. И досега добро ни оди. Денеска сме во Радовиш каде со директорот Ацевски вршиме увид во рехабилитација на регионалниот пат до Воиславци, многу важен патен правец за населените места околу Радовиш. Инвестираме 20 милиони за негова рехабилитација по барање на граѓаните од овој регион, истакна Бочварски.
Директорот Ацевски потенцира дека оваа година Јавното претпријатие има обемна програма и моментално работат на реконструкција на преку десетина патни правци.
– Денеска поставуваме втор слој на асфалт на овој пат. Се реконструираат околу два километри за што инвестираме околу 20 милиони денари. Јавното претпријатие за оваа година има обемна програма и се надевам дека до крај на година ќе реализираме се што сме сме зацртале. Имаме капацитет и градежната сезона ќе ја искористиме да ги рехабилитираме предвидените патишта, рече Ацевски.