Пратеникот на Алијансата за Албанците, Халил Снопче, поканет во емисијата „Патот кон …“ коментирајќи ги последните случувања во Собранието, поточно појавувањето пратеници со скафандери рече дека станувало збор за театар во режија на спикерот на Собранието, за да го дефокусира вниманието од одложување на законот за попис на населението.
„Она што се случи беше театар, спектакл за дефокусирање од реалноста и од жешките теми на актуелната реалност. Кога велам дефокус, секогаш мислам дека тоа го стори спикерот г. Џафери кој сакаше да го покрие тој срам што се случи со одложувањето на Законот за попис. Значи, знаеме како спикерот јавно во емисија уверуваше дека пописот не може да се одложи, давајќи аргументи, тоа го велеа и други експоненти на ДУИ, како што е вицепремиерот Груби. Од друга страна, ДУИ излезе следниот ден со изјава дека одложувањето е правилно и правично за Албанците. Значи, тие мораа да ја лижат таа своја плунка што ја кажаа однапред. И сега требаше спектакл, театар од ваков вид за да се маскира, така што населението да не зборува за жешката тема, како што е одложување на пописот, туку да зборува за донесувањето закон на спектакуларен начин, тоа беше трендот и тоа беше целта“, изјави Снопче.