Интеграцијата на земјата во Европската унија не е блокирана само од спорот меѓу Скопје и Софија, туку и од неспроведувањето на реформите во сите области, вклучително и реформите во судството, администрацијата и борбата против криминалот и корупцијата, рече пратеникот на Алијанса за Албанците, Халил Снопче во „Патот кон …“, потсетувајќи на непринципиелниот пристап на Владата и претседателот кога тие побараа да се оддели Македонија од Албанија, алудирајќи дека Албанија не ги исполнува условите за ЕУ, додека денес се случува спротивното и истите бараат Македонија и Албанија да одат во пакет кон ЕУ.
„Не мислам дека Бугарија е единствениот проблем, бидејќи има моќни земји од Европската унија кои сметаат дека Македонија не сторила доволно во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Во однос на реформите, како што спомена г. Нухиу, направени се реформи, но тие сметаат дека не се направени доволно реформи, дури ни во судството, во администрацијата, во безбедносниот систем, кои беа предуслови. Значи, ние не докажавме дека работиме доволно во овој аспект, во оваа насока. Затоа, реформите во сите области мора сериозно да се спроведат. Значи, не можеме да дозволиме, аферата со пасошите, на пример, како тие ќе го прифатат тоа кога 214 криминалци и дилери на дрога ќе шетаат слободно во нашата држава. Ова се феномени што треба да се чистат по ред“, изјави Снопче.