14-тиот по ред пацифички тајфун оваа сезона и убедливо најголемиот што ја погодил Јапонија, пристигна со рекордни врнежи од дожд, додава JMA и предупредува дека реките може да се излеат поради обилните врнежи. Во следните 24 часа, Кјушју се очекува да биде погоден со дожд од 400 мм и удари на ветер до 234 километри на час, а во централниот регион Токаи да наврнат и до 300 мм дожд. Тајфунот предизвика штета на југот на островот, а автобуските станици се урнати и има скршени прозорци.

Железничкиот и авиопревозот се откажани, а познатиот трговски синџир Seven-Eleven привремено затвори околу 950 продавници. Властите издадоа „специјално предупредување“ поради налетот на тајфунот, а најмалку четири милиони луѓе се предупредени да се евакуираат. Јавниот радиодифузен сервис NHK, кој собира информации од локалните власти, известува дека повеќе од седум милиони луѓе биле советувани да се засолнат во цврсти објекти. Се предвидува дека бурата ќе сврти кон исток и ќе го премине главниот јапонски остров Хоншу, пред да стигне до морето до среда.

Силен дожд падна и во Токио, а подземната железница во Тозаи е поплавена и сообраќајот е во прекин. Овој тајфун би можел да биде полош и од тајфунот Џеби, кој уби 14 луѓе во 2018 година и тајфунот Хагбис, кој предизвика прекин на електричната енергија во речиси целата земја во 2019 година.

Кјушу е најјужниот јапонски остров со околу 13 милиони жители. Јапонија е добро подготвена за вакви силни бури, но научниците тврдат дека тие стануваат посилни и поуништувачки поради климатските промени.