Откако беше одложено неколку пати, снимањето на продолжението на серијата „Пријатели“ е закажано за следната недела, пренесува „Deadline“.

Се чини дека снимањето на специјалното продолжување, кое неколку пати се одложуваше поради пандемијата на коронавирусите, конечно ќе се случи на 5 април.

Profimedia
Profimedia

Оригиналната екипа која се состои од Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер повторно ќе се обединат за да ги снимат новите епизоди.

Пери претходно изјави дека снимањето е закажано за „почетокот на март“ годинава , иако портпаролот на „HBO Max“ рече дека плановите сè уште не се финализирани.

Instagram
Instagram

Веста за специајлното продолжение на култната серија „Пријатели“ за прв пат беше објавена во февруари 2020 година, а новите епизоди требаше да бидат достапни во мај, но, сепак, пандемијата ги смени овие планови.

Режисер на продолжението ќе биде Бен Винстон, а ќе работат и оригиналните креатори на серијата
Кевин Брајт, Марта Кауфман и Дејвид Крејн, а извршни продуценти на проектот ќе бидат Ема Конвеј и Џејмс Лонгман.