Натпреварот од 18 коло во најсилното шпанско првенство помеѓу Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао нема да се одигра денеска од 16.15 часот.
На табелата „јорганџиите“ се моментно првопласирани со 38 бодови, додека Атлетик Билбао е на деветтата позиција (21).
Овој меч од „Ла Лига“ е одложен поради снежната бура која го зафати шпанскиот главен град, аеродромот „Барахас“ е затворен.
Поради истата причина се одложуваат и други спортски настани, како и оној помеѓу ракометните репрезентации на Шпанија и Хрватска.
Нема други одложени средби во Шпанија, од 14.00 часот Севиља е домаќин на Реал Сосиедад, од 18.30 часот Барселона гостува кај Гранада, а од 21.00 часот Осасува игра против Реал Мадрид.