Националната метеоролошка служба на САД издаде предупредување за поголемиот дел од истокот на земјата, од Северна Каролина до Њујорк, поради закана од голема снежна бура.
Најголемите врнежи од снег се очекуваат во североисточна Пенсилванија и северозападен Њу Џерси, објави „Њујорк тајмс“.
– Advertisement –
Снегот веќе започнал да паѓа, а може да достигне висина од 60 сантиметри. Се очекуваат удари на ветер со брзина до 180 километри на час.
„Снежна бура се заканува да го парализира Њујорк, над кој од неделата навечер е стациониран циклон. Големи количини снег ни доаѓаат во пошироката зона“, предупредуваат од метеоролошката служба.
На граѓаните им се советува да избегнуваат патување во североисточните делови на земјата во наредните денови.
Градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио изјави дека училиштата ќе бидат затворени денес и оти здравствените работници бараат начин како да ги вакцинираат луѓето.