Потребни состојки:

  • 1 килограм пилешки стек
  • 300 грама кашкавал
  • 3 јајца
  • 1 чашка кисела павлака
  • лебни трошки со зачини

Подготовка:

Стекот се сече на подебели шницли и се зачинува.

Се подготвуваат состојките за поховање. Секое парче месо се потопува во изматени јајца, па во ренданиот кашкавал и на крај во лебните трошки.

Вака формираните шницли се редат во средно голем намрсен сад, во два слоја. Горниот слој тенко се премачкува со павлака и садот се става во рерна на 180°С. Се пече околу 20 мин.

За тоа време се соединува остатокот од јајцата, павлаката и кашкавалот. Оваа смеса се нанесува врз скоро готовото јадење кое се враќа во рерна да се допече уште десетина минути.

Може да се јаде и топло и ладно. Кога јадењето е добро оладено, лесно се сече на тенки парчиња – за во ордевер, сендвич и слично…

Послужете и уживајте!

На здравје!


За повеќе вакви рецепти, заследете ја ОВАА ФЕЈСБУК ГРУПА и ОВОЈ ИНСТАГРАМ ПРОФИЛ.