Плажите во Грција од вчера се конечно отворени, една седмица пред официјалниот почеток на туристичката сезона. Но, посетителите мора да следат бројни правила.

Туристите прво мора да испратат СМС порака со код ако сакаат да резервираат лежалка на некоја од плажите.

Кога станува збор за мерките што се применуваат на плажите, тоа значи дека растојанието помеѓу комплетите- чадор и две лежалки, мора да биде најмалку 4 метри. Ова правило може да се прекрши само ако семејства со повеќе членови дојдат на плажа.

Вработените на плажата се должни да го дезинфицираат мебелот пред да им биде дозволено на новите гости да изнајмат чадор и лежалки, а исто така за персоналот, задолжителни се маската и селф тестовите, односно тестовите за домашна употреба.

Музиката на плажа е забранета.