Во пресрет на локалните избори закажани за во октомври годинава, партиите ги прават последните филтри со кои кандидати ќе трчаат за да ја добија довербата на граѓаните.
Повеќето актуелни градоначалници од СДСМ веќе ја добиваат поддршката од општинските организации за да учествуваат во нова трка за уште еден четиригодишен мандат.
Меѓу кандидатите кои добија поддршка од своите матични организации за втор мандат е и Велимир Смилевски, актуелниот градоначалникот на Бутел.
-Денеска ја поднесов мојата кандидатура за градоначалник на општина Бутел. Благодарност до сите членови на СДСМ Бутел за поддршката што ми ја дадовте да бидам единствен предложен кандидат на СДСМ Бутел за градоначалник на Општина Бутел, им се заблагодари Смилевски на својата Фејсбук страна.