Туристичко-угостителскиот сектор продолжува со протестите и по најавата на новиот шести сет на економски мерки. Тврдат дека има многу нејаснотии во условите и методологијата за аплицирање за државната помош. Во моментов не знаат кој и колку ќе добие од мерките. Шестиот пакет велат нема да има никаков ефект доколку продолжи доцнењето на реализацијата на мерките.
„Шеститот пакет, како и да е треба да знаеме точно кога ќе заврши работа. Затоа што петтиот пакт се проектираше во декември, и сите мислевме дека ќе заврши во март оваа криза и ќе почне процес на обнова на економијата и сме свесни дека тоа не е така. И затоа велиме дека петтиот пакет е задоцнет и има потреба од итен шести пакет“, рече Мартин Ангеловски туристичко угостителска комора.
– Advertisement –
Туристичките работници велат дека помошта е незначителна.
„Ние не бараме средства за да заработиме, бараме за да ги покриеме режиските трошоци и нашите вработени. Но и да останеме да постоиме се до нормализација на ситуацијата“, вели Ана Марија Алексова, претставник на туристичките агенции.
Вицепремиерот за економија Фатмир Битиќи вели дека сите фирми од туристичко угоститескиот сектор ќе добијат помош од државата.
„Остануваме на ставот дека сите владини програми во различните министерства оваа година се ориентираат кон справување со КОВИД и во суштина не би требало да ги гледаме парцијално одредени мерки како што беа мерките вчера, туку треба да ги гледаме интегрирано заедно со сите други програми и на крај на годината ќе зборуваме кој е ефектот“, рече Фатмир Битиќи, вицепремиер за економија.
Од Стопанската комора на Северозападна Македонија, сметаат дека со шестиот пакет требало да бидат опфатени повеќе дејности.
„Покрај проценката дека вредноста на пакетот треба да биде поголема, нашите проценки се дека треба да бидат вклучени сите сектори и дејности и да се отстранат критериумите за елиминација“, наведуваат од Стопанска комора на Северозападна Македонија.
Инаку, на протестот на угостителите и туристичките работници од утре ќе им се приклучат и сметковиодителите. Тие бараат неповратна финансиска помош за сите компании од овој сектор.
„Бараме, системско решение за пролонгирање на рокови за годишни сметки и даночни пријави. Флексибилност и итно и неодложно на рокот за оваа ДДВ пријава“, изјави Александра Андреева Комора на сметководители.
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта дека со трошки се обидува да го задоволи стопанството. Според нив помошта е недоволна и нема да помогне во зачувување на работниме места и подобрување на ликвидноста. Според планот на владата, за шестиот пакет антикризни мерки, се предвидени речиси 18 милиони евра. Тие пари треба да бидат распределени во 10 илјади компании каде работат околу 60 илјади лица.
Иле Петревски