Рокот за за поднесување на годишни сметки и финансиски извештаи да се продолжи за дополнителни два месеци. Наместо до 28 февруари, рокот да биде до крајот на месец април, бараат од комората на сметководители. Постоечките рокови се куси, а поради негативните ефекти од пандемијата речиси и невозможно ќе биде сите извештаи и завршни сметки да бидат навремено изготвени реагираат сметководителите.
– Advertisement –
„Оваа промена односно законската измена во законот за трговски друштва е во надлежност на Министрството за економија и нема да има никакви даночни последици односно нема да има никакви реперкусии врз државата. Државата ќе добие на кваилет на финансиските инфомраии бидејќи навременоста е еден од главните ограничувачки критериуми за давање на точни инфомации“, рече Благој Грозаданов – Комора на сметководители.
Сметководителите велат дека властите во изминатиот период немаат слух на нивните конкретни барања. По три години ветување сеуште не е формирана работна група за подготовка на ново законско решение со кое точно ќе се дефинира како треба да работат сметководителите а ќе биде и усогласено со европските директиви.
Андреа Чобанова