Украинските пратеници денеска изгласаа смена на министерот за здравство Максим Степанов, поради неуспешната кампања за вакцинација против коронавирусот и неговиот одговор на пандемијата.
Во Украина, која има 41 милион жители, досега регистрирани се над два милиона заразени лица и повеќе од 48.000 смртни случаи.
До денеска прва доза од вакцината против Ковид-19 примиле само 948.330 луѓе.