„Рамковната позиција на Бугарија за РС Македонија е изгласана со консензус од сите политички партии во Парламентот. Ние немаме овластување да ја менуваме таа позиција. Тоа што зависи од службената Влада и од министерот за надворешни работи ќе биде направено за да продолжи дијалогот“, изјави министерот за надворешни работи во службената Влада, Светлан Стоев, во одговор на прашање на БГНЕС, дали службената Влада ќе продолжи да ја застапува досегашната позиција на Бугарија кон РС Македонија.
„Од тука натаму се е во рацете на официјалните власти во РС Македонија. Тие многу добро ја знаат нашата позиција и не треба да шпекулираат со тоа дека ќе има некаква промена во следните два три месеци , додека трае оваа службена Влада“, додаде уште Светлан Стоев на церемонијата за примо предавање на функцијата со поранешната министерка Екатерина Захариева во бугарското МНР.