Долгови постари од 15 години ги мачат жителите на кумановското село Слупчане. По најави дека ќе се реконструира и модернизира мрежата, тие го блокираа пристапот до селото на екипите на ЕВН, објави Дојче Веле.

Компанијата деновиве се пожали дека нивните вработени добиле и закани по животот и побараа полициска асистенција. По неколкудневни блокади, се чини ситуацијата би можела да добие разврска. Градоначалникот на Липково, Еркан Арифи, кадар на ДУИ, за Дојче веле изразува надеж дека ситуацијата наскоро би можела да се разреши. Вели дека претставници на селото деновиве ќе седнат на заедничка маса со надлежните од ХЕЦ Куманово со цел да се изнајде прифатливо решение на двете страни.

„Проблем се сметки за струја стари над 15 години, кои жителите ги немаат платено. Велат дека нема судска постапка за овие долгови, но на фактурите им се водат како основен долг. Тие бараат овие долгови да им се избришат“, вели Арифи.