Очигледно дека поради настаните во Украина и руската инвазија, Нетфликс одлучил да заработи и дополнителни пари. Имено, светските медиуми објавија дека повторно ќе се емитува серијата „Слуга на народот“ во која Володомир Зеленски глуми учител кој потоа станува претседател на Украина. Серијата е снимана од 2015-та до 2019-та година, а со оглед на тоа дека доживеа голем успех, Зеленски одлучува навистина да се кандидира за претседаел и победува на изборите.
„Нетфликс“ го врати шоуто во етерот точно пред неговото вчерашно обраќање во американскиот Конгрес. Зеленски утринава се обрати и пред пратениците во германскиот Бундестаг, со жестока порака „да се урне Берлинскиот ѕид меѓу слободата и немањето слобода“.