Случајот „Монструм“ е целосно исконструиран и синоним на случајот „Драјфус“, со тоа што има подалекусежни последици бидејќи шест невини лица беа осудени на доживотен затвор, порача денеска одбраната во завршни зборови за „Монструм“.
Според нив, очигледно е дека обвинителството не обезбедило доволно докази и има само голи индиции и не ги докажува претпоставките за можен мотив.
Очигледно е дека нема докази и само голи индиции и не се докажаа претпоставките за можен мотив. – Дека ова е целосно ксонструиран слуачај не е наша констатација, туку тоа е констатирано и во извештајот на Прибе, а се зборува и во американскиот Стејт департмент, рече адвокатот Насер Рауфи.
Од друга страна, одбраната на семејствата на жртвите, во завршен збор на Судот му порача дека има обврска и кон семејствата, но и кон целата јавност да дадат одговор што се случило на 12 април 2012 година, и повторно побара екстрадиција на двајцата обвинети од Косово.
На минатото рочиште во завршен збор, обвинителката Фатиме Фетаи, побара максимални казни за обвинетите Халил Демири и браќата Африм и Агим Исмаиловиќ, обвинети за кривичното дело „тероризам”, односно директно извршување на петкратното убиство на пет лица кај Смилковското Езеро на 12 април 2012 година.
За обвинетиот Фејзи Азири, пак, обвинителката Фетаи побара од Судот тој да биде прогласен за виновен за две кривични дела помагање на сторител во извршено кривично. За исти кривични дела, како Фејзи Азири, обвинет е и Хаки Азири.
Во недостиг на докази дека го извршил кривичното дело „тероризам” од обвинение е ослободен Сами Лута. Случајот „Монструм“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапници на обвинението се Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.