Владата на Словенија усвои нова одреба со која ќе се воведе поригорзна примена на таканаречените ПЦТ услови за сите вработени кои имаат контак со клинети и корисници на услуги. Новата одредба ќе стапи во сила од среда на 15 септември.

Advertisements

Станува збор за услови според кои сите вработените мора да имаат прележано ковид-19, или да се вакцинирани или пак да имаат негативен тест за коронавирусот, а државата ќе ги сноси трошоците за тестирање на вработените, а работодавачите ќе можат да ги санкционираат оние што не се придржуваат кон оваа регулатива. Условот важи и за сите корисници на услуги, само тие ќе треба да платат за тестирање од свој џеб.

Постојат неколку исклучоци од ова правило, вклучително и деца под 12 години, луѓе кои ги носат децата до трето одделение на училиште, оние кои ги придружуваат децата под 15 години кај доктори и ученици во јавниот превоз. Единствените објекти каде овој услов не е потребен се продавници за храна и аптеки, освен ако не се наоѓаат во трговски центри, па во тој случај правилото важи и за нив.

Прикажи повеќе