Попладнево словенечката влада ја прифати препораката на епидемиолозите да воведат построги анти-епидемиски мерки поради зголемениот број на новоинфицирани лица во земјата, односно затворање од 11 дена, кое ќе биде на сила од 1 до 11 април.
За време на овој период, повторно ќе биде забрането движење надвор од регионите, освен на самиот Велигден, кога ќе биде можно да се соберат до шест лица од две домаќинства заедно со деца од исти семејства. Поголемиот дел од јавната администрација ќе воведе работа од дома, што покрај користењето на годишен одмор, им се препорачува и на државните компании и приватните работодавци.
– Advertisement –
Исто така, повторно се воведува задолжителното носење заштитни маски на отворено.