
Самитот на Европската унија и Западен Балкан што ќе се одржи денеска на Брдо кај Крањ во Словенија, ќе ги собере шефовите на држави или влади на земјите-членки на ЕУ и нивните колеги од Западен Балкан. Меѓу главните теми на самитот ќе бидат развојот на соработката ЕУ-Западен Балкан за политички и безбедносни прашања од заеднички интерес, социо-економското закрепнување на регионот по пандемијата, имплементација на Економскиот и инвестициски план и зајакнување регионална соработка. Лидерите на ЕУ се очекува да ја усвојат декларацијата на крајот од состанокот, а лидерите на Западен Балкан ќе бидат поканети да се усогласат со документот.