Словенечкиот Национален институт за јавно здравје доби пратка од 10 кутии од антиковид лекот „паксловид“ (paxlovid) на „Фајзер“. На овој начин се нарачани од 5.000 до 10.000 терапевтски дози, соопшти Институтот.
Лекот е наменет за превенција од болничко лекување, главно за лица над 60-годишна возраст и пациенти со опасност од потежок тек на Ковид-19 заболувањето, велат лекарите. Во истовреме, некои пациенти може да не можат да го примат лекот бидејќи тоа може да не е компатибилно со земање некои други лекови.
Според искуствата од земјите каде што е применета терапија со „паксловид“, тој за 80 отсто ги намалува болничките случаи на Ковид-19. Лекот е комбинација од два антивирусни лека. Во споредба со „ремдесивир“, којшто пациентот го прима во инфузија, ова е во облик на таблети.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.