Словачка води разговори со другите земји-членки на ЕУ за механизам за позајмување вакцини против Ковид-19, изјави денеска словачкиот премиер Игор Матович.

-Минатата недела ја минав делумно во комуникација со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во врска со вакцините, рече Матович.

-Врз основа на ова, Комисијата иницираше таканаречен СОС механизам за позајмување вакцини, заради премостување на периодот со многу ниски залихи, нагласи тој.

Матович рече дека добил понуда од германската канцеларка Ангела Меркел за превезување и третман на пациенти во Германија.

-Германија им помогна на многу земји на ЕУ на овој начин во текот на изминатата година, рече словачкиот премиер. (МИА)