Дисконтерите не го достигнаа врвот – тие дури сега почнуваат. Онлајн продажбата нема да ја спаси малопродажбата. А талентите? Не се даденост, туку ресурс што брзо се троши.
Со овие пораки Тони Балажич, претседател на Одборот на Auchan Retail Magyarország, како keynote speaker, го освои вниманието на присутните на FMCG Summit 2025 во Скопје.
Во својата инспиративна презентација „7 митови за FMCG и лекции за во иднина“, Балажич ги разобличи најчестите митови во трговијата – од „светиот“ раст на е-трговијата до уверувањето дека цените се диктирани само од пазарот. Денес храната е политичка тема, а државите сè повеќе се мешаат во формирањето на цените. ’Слободниот пазар’ станува илузија, порача тој.
Една од неговите лекции: успехот не доаѓа од комплексност, туку од радикална едноставност и фокус на вредноста што ја гледа потрошувачот пренесува јасна порака за куспешноста на компаниите во иднина. Оние кои ќе овозможат ефикасна структура, јасна понуда и пристапни цени се вистинските победници на новата ера во трговијата.
11 FMCG Summit, на кој присуствуваа повеќе од 400 учесници, уште еднаш покажа дека е централната регионална сцена каде се редефинира иднината на трговијата.

 
		