Хаки и Фејзи Азири, двајцата осудени за помагање во случајот „Монструм“, ќе бидат ослободени ако Собранието го усвои новиот закон за амнестија предложен од министерот за правда Кренар Лога, пренесува Телма.

Браќата Азири се осудени на 9, односно на 15 години затвор за помагање во убиството на пет лица кај Смилковското Езеро. Пресметките покажуваат дека ако се донесе законот како што е предложен од зад решетки ќе излезе и бизнисменот Сеад Кочан.

Откако Предлог законот за амнестија помина на Владина седница, министерот за правда Кренар Лога најави дека ќе го достави до Собранието.