Централен одбор на кој новиот претседател на СДСМ Ковачевски планира да го избере новото раководство на партијата се очекува да се одржи кон крајот на следната недела, објави ТВ24.
Ковачевски, според информациите на ТВ 24 се среќава со функционерите во раководството што се во оставка. Интересно е што иако нема партиска функција на агендата на Ковачевски е и средба со екс заменичката на Заев во СДСМ и актуелна министерка за одбрана Радмила Шеќеринска.
Ковачевски веќе за ТВ 24 изјави дека дел ќе останат, а дел ќе бидат сменети.
ТВ 24 веќе објави дека се очекува во раководството на СДСМ да останат Сања Лукаревска, Бојан Маричиќ и Фатмир Битиќи. Додека за Венко Филипче, Оливер Спасовски и Мила Царовска најверојатно ќе има замена.
Се најавува дека еден од градоначалниците на СДСМ ќе биде избран за потпретседател.